Турција од извозот на калинки во периодот јануари-септември 2020 г. заработи 59,4 милиони долари

Извозот на калинки во периодот јануари-септември оваа (2020) година, во споредба со истиот период минатата (2019) година, со раст од 37 отсто од 43 милиони 56 илјади долари е зголемен на 59 милиони 402 илјади долари

1508113
Турција од извозот на калинки во периодот јануари-септември 2020 г. заработи 59,4 милиони долари

Според сумираните податоци од Унијата на извозниците од Егејската област, Турција од извозот на калинки во 2019 година заработи девизни приходи во износ од 98 милиони долари.

Извозот на калинки во периодот јануари-септември оваа (2020) година, во споредба со истиот период минатата (2019) година, со раст од 37 отсто од 43 милиони 56 илјади долари е зголемен на 59 милиони 402 илјади долари.

На прво место во извозот на калинки на Турција се наоѓа Русија со 20 милиони 243 илјади долари.

Остварениот извоз во Русија периодот јануари-септември годинава, за 9 месеци, забележа раст од 78 отсто.

На второ место во извозот на калинки се наоѓа Ирак со 12 милиони 771 илјада долари, а на трето место е Германија со извоз од 4 милиони 870 илјади долари.



Слични вести