Туркиш Ерлајнс на второ место во Европа по бројот на дневните летови

Генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши истакна дека компанијата се искачи на второ место во Европа по дневниот број на летови

1508367
Туркиш Ерлајнс на второ место во Европа по бројот на дневните летови

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) се искачи на второ место во Европа по дневниот број на летови. 

Генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши во објавеното соопштение преку својот профил на социјалната мрежа Твитер нагласи дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) влијаеше длабоко на воздухопловството.

Екши во својата споделена објава истакна дека бројките се многу ниски во споредба со 2019 година, но подвлече дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) како и секогаш се обидува да го направи најдоброто.

"Со дневниот број на летови се искачивме на второ место во Европа. Меѓу знаменосците сме на прво место. Благодарност до нашата екипа и до вас кои не избирате." - рече генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши. 



Слични вести