Поради Ковид-19 во светот се очекува намалување на глобалната економија од 4.4 отсто

Закрепнувањето на глобалната економија ќе биде побавно од падот, во многу земји економијата да се врати на нивото пред кризата Ковид-19 ќе трае до 2022 година

1504872
Поради Ковид-19 во светот се очекува намалување на глобалната економија од 4.4 отсто

 

Поради кризата со новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), годинава глобалната економија се очекува да се намали за 4,4 проценти.

Објавени се резултатите од анкетата за истражување насловена „Светска економија: Изгледи за закрепнување од кризата Ковид-19“ на Институтот за економски истражување (Ифо) и Европската мрежа за истражување на економска и фискална политика (EconPol) со учество на 950 економски експерти од 110 земји.

Според анкетата, економистите поради кризата (Ковид-19) оваа година очекуваат глобалната економија да се намали за 4,4 проценти.

Според истражувањето, кое посочува дека закрепнувањето на глобалната економија ќе биде побавно од падот, во многу земји економијата да се врати на нивото пред кризата Ковид-19 ќе трае до 2022 година.



Слични вести