Турција во периодот јануари-септември оствари извоз во соседните земји од 10,8 милијарди долари

Турција во периодот јануари-септември годинава оствари извоз во своите соседни земји Иран, Грција, Ирак, Грузија, Сирија и Бугарија во вредност од 10 милијарди 800 милиони долари

1504721
Турција во периодот јануари-септември оствари извоз во соседните земји од 10,8 милијарди долари

Турција во периодот јануари-септември оствари извоз во своите соседни земји Иран, Грција, Ирак, Грузија, Сирија и Бугарија во вредност од 10 милијарди 800 милиони долари.

Според суминарите податоци на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) и Министерството за трговија, надворешната продажба којашто ја оствари Турција за 9 месеци годинава изнесува  118 милијарди 355 милиони долари.

Турција во наведениот период од 9 месеци (јануари-септември) оствари извоз во своите соседни земји Иран, Грција, Ирак, Грузија, Сирија и Бугарија во вредност од 10 милијарди 800 милиони долари.

Најголем извоз во вредност од 5 милијарди 15 милиони 967 илјади долари е остварен во Ирак.

По оваа земја пак, следуваат Бугарија со 1 милијарда 738 милиони 643 илјади долари и Грција со 1 милијарда 241 милион 788 илјади долари.

Најмал извоз пак, е остварен во Сирија во вредност од 670 милиони 985 илјади долари.



Слични вести