Извозот на автомобилскиот сектор во септември го достгна минатогодишното ниво

Најмногу извоз во септември од 334 милиони 276 илјади долари беше остварен во Германија

1502443
Извозот на автомобилскиот сектор во септември го достгна минатогодишното ниво

Автомобилскиот сектор, кој важи за  локомотива на извозот на Турција, а кој беше остварен во минатиот месец достигна 2,6 милијарди долари и го надмина извозот во истиот месец минатата година.

Автомобилскиот сектор, кој 14 години по ред е шампион во извозот, по период од 8 месеци повторно почна да расте и со раст од 0,5 проценти во септември оствари извоз од 2 милијарди 605 милиони 33 илјади долари. Оваа бројка во споредба со истиот месец минатата година беше поголем а 0,5 отсто.

Најмногу извоз во септември од 334 милиони 276 илјади долари беше остварен во Германија, главниот извозен пазар.

Втора земја во која беше остварен најмногу извоз е Франција. Во оваа земја беше зголемено нивото на извозот во споредба со истиот период лани и тоа за 20, и изнесува 304 милиони 870 илјади долари.

По Франција, со раст од 42,35 отсто се најде Обединетото Кралство. Извозот во оваа земја достигна 282.152.000 долари.

Италија е четврта земјаод аспект на надворешната продажба со 216 милиони 923 илјади долари, додека Шпанија е петта земја со 130 милиони 353 илјади долари.

Гледано од аспект на земјите каде што автомобилскиот скетор  извезуваше милиони долари и повеќе, минатиот месец имаше рекордно зголемување на извозот во Хонг Конг, Либерија, Грција, Јемен, Авганистан и Австралија.



Слични вести