Рекорден извоз на автомобилскиот сектор на Турција во септември 2020

Извозот на автомобилскиот сектор на Турција во месец септември оваа (2020) година во споредба со минатиот месец (август) со раст од 68,7 отсто од 1 милијарда 544 милиони 45 илјади долари се зголеми на 2 милијарди 605 милиони 33 илјади долари

1502208
Рекорден извоз на автомобилскиот сектор на Турција во септември 2020

Извозот на автомобилскиот сектор на Турција во месец септември го достигна највисокото ниво во годината.

Според суминарите податоци на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на автомобилскиот сектор на Турција кој е во положба на локомотива во извозот, во месец септември оваа (2020) година во споредба со минатиот месец (август) со раст од 68,7 отсто од 1 милијарда 544 милиони 45 илјади долари се зголеми на 2 милијарди 605 милиони 33 илјади долари.

Кога ќе се погледне според земји, во остварениот извоз на автомобилската индустрија на Турција во месец септември голема улога одиграа земјите на Европската унија (ЕУ). 

Во наведениот период, најголемиот извоз е реализиран во Германија со 334 милиони 276 илјади долари.

По оваа земја пак, следуваат Франција со 304 милиони 870 илјади долари, Обединетото Кралство со 282 милиони 152 илјади долари, Италија 216 милиони 923 илјади долари, Шпанија 130 милиони 353 илјади долари, Полска 120 милиони 909 илјади долари, Словенија 117 милиони 937 илјади долари, Белгија 116 милиони 297 илјади долари, САД 94 милиони 298 илјади долари и Романија со 93 милиони 889 илјади долари.



Слични вести