Турција за 8 месеци оствари извоз на маски, комбинезони и наметки во износ од 17 милиони долари

Турција во периодот јануари-август оствари извоз на хируршки маски, комбинезони и наметки во вредност од 17 милиони долари

1498898
Турција за 8 месеци оствари извоз на маски, комбинезони и наметки во износ од 17 милиони долари

Турција во периодот јануари-август оствари извоз на хируршки маски, комбинезони и наметки во вредност од 17 милиони долари.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на готова облека и конфекција од Средоземноморската област (AHKİB) Ѓуркан Текин во објавеното писмено соопштение истакна дека хируршките маски и заштитната облека имаат значајна улога во секторот на извоз. 

Велејќи дека се доживува раст во извозот на овие наведени производи, Ѓуркан Текин го рече следното: „Во јануари-август остваривме извоз на хируршки маски, комбинезони и наметки во износ од 17 милиони долари. Во наведениот период остваривме извоз на заштитни комбинезони од 7,86 милиони долари, маски од 7,16 милиони долари и наметки од 1,86 милиони долари. Првите три земји во кои остваривме најмногу хируршки маски се Германија со 3,64 милиони долари, Холандија 2,31 милиони долари и Кина со 1,13 милиони долари.“

Текин истакна дека на чело на земјите во кои е реализиран најголем извоз во заштитна облека се наоѓаат Азербејџан со 5,33 милиони долари, Словачка со 2 милиони долари и Кина 454 илјади долари.

„Во заштитни комбинезони пак, најголемиот извоз го остваривме на Азербејџан-Нахчиван со 560 илјади долари, Литванија со 483 илјади долари и Казахстан со 291 илјада долари.“ - рече претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на готова облека и конфекција од Средоземноморската област (AHKİB) Ѓуркан Текин.



Слични вести