Министерката Пекџан: Турција во 2019 година оствари извоз од 180,8 милијарди долари

Министерката за трговија Рухсар Пекџан истакна дека Турција минатата (2019) година оствари извоз во вредност од 180,8 милијарди долари и е во положба на шеста земја во светот која го заголеми најмногу својот извоз

1497493
Министерката Пекџан: Турција во 2019 година оствари извоз од 180,8 милијарди долари

 Министерката за трговија Рухсар Пекџан во говорот што го одржа на промотивниот состанок "Престижната книга првите 1.000 извозници на Турција" во организација на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) истакна дека авантурата на извозот на Турција ќе продолжи на најдобар начин со нејзино развивање и во наредните периоди. 

Пекџан истакна дека Турција минатата (2019) година оствари извоз во вредност од 180,8 милијарди долари и е во положба на шеста земја во светот која го заголеми најмногу својот извоз.

Таа напомена дека во период кога глобалниот извоз е намален за 3,6 отсто и кога голем број земји доживуваат загуба во извозот Турција својот извоз во 2019 година го зголеми за 2,1 отсто и реализира надворешна продажба во вредност од 180,8 милијарди долари.

Претседателот на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) Исмаил Ѓулле исто така истакна дека и покрај сите негативности во глобалната трговија во 2019 година со поддршка на Владата извозниците соборија рекорд и обезбедија Турција со право да доживее гордост.

"Ford Otomotiv Sanayi" со остварен извоз од 5 милијарди 869 милиони долари го зачува своето лидерство, на второ место е "Toyota Otomotiv Sanayi Türkiye" со 4 милијарди 232 милиони долари, а на трето "Türkiye Petrol Rafinerileri" со остварен извоз од 3 милијарди 511 милиони долари.

 



Слични вести