Извоз на автобуси, минибуси и мидибуси од Турција во 87 земји во вредност од 916,5 милиони долари

Најголем извоз во периодот јануари-август е остварен во Франција на која и се продадени автобуси, минибуси и мидибуси во вредност од околу 154,8 милиони долари, а потоа следуваат Германија со 147,1 милиони долари и Италија со 89,6 милиони долари

1496465
Извоз на автобуси, минибуси и мидибуси од Турција во 87 земји во вредност од 916,5 милиони долари

Во периодот јануари-август годинава од Турција е остварен извоз на автобуси, минибуси и мидибуси во 87 земји ширум светот во вредност од 916 милиони 533 илјади долари во 87 земји во светот.

Најголем извоз во наведениот период е остварен во Франција на која и се продадени автобуси, минибуси и мидибуси во вредност од 154 милиони 782 илјади долари.

На второ место е Германија со извоз во висина од 147 милиони 109 илјади долари, а на трето место се наоѓа Италија 89 милиони 617 илјади долари.

Во овој период е остварена надворешна продажба претежно во европските земји, така што во извозот во Мароко, кој се наоѓа на четврто место, во споредба со истиот период минатата година е остварен раст од 27,79 отсто. На тој начиј извозот во оваа земја од 27 милиони 876 илјади долари се зголеми на 35 милиони 623 илјади долари.

Претставниците на секторот фрлија потпис на продажба на автобуси, минибуси и мидибуси во Англија во износ од 33 милиони 623 илјади долари, а во Норвешка 29 милиони 769 илјади долари.

Внимание привлече растот на извозот на турските автомобилски производители и во Чешка. На оваа земја надворешната продажба во споредба со истиот период минатата година со раст од 112 отсто од 12 милиони 385 илјади долари се зголеми на 26 милиони 259 илјади долари.

Извозот во Русија пак, забележа раст од 376.11 отсто и од 4 милиони 912 илјади долари достигна до 23 милиони 386 илјади долари.

Турскиот автомобилски сектор својата надворешна продажба во Мексико, како еден од пазарите во развој во последно време, ја зголеми за 244,32 отсто. Во оваа земја во периодот јануари-август 2020 година е остварен извоз во висина од 15 милиони 250 илјади долари.

Претставниците на турскиот автомобилски сектор воедно воедно остварија извоз на автобуси, минибуси и мидибуси од по над 20 милиони долари во земји како што се Полска, Австрија, Шпанија, Србија, Израел и Унгарија, а во Белгија, Хрватска, Шведска, Бугарија, Романија и Азербејџан е остварен извоз од по над 10 милиони долари.

 



Слични вести