Турција од извозот на туршија во приближно 120 земји за 8 месеци заработи 155 милиони долари

Турција во периодот јануари-август оваа (2020) година, им продаде туршија на приближно 120 земји низ светот од што заработи приходи во износ од 155 милиони долари

1495979
Турција од извозот на туршија во приближно 120 земји за 8 месеци заработи 155 милиони долари

Извозот на туршија на Турција за 8 месеци, во споредба со истиот период минатата година со раст од 18 отсто се зголеми на 155 милиони долари.

Турција во периодот јануари-август оваа (2020) година, им продаде туршија на приближно 120 земји низ светот.

Оваа година, под влијание и на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) дојде до зголемување на побарувачката на туршија така што извозот за 8 месеци (во периодот јануари-август) во споредба со истиот период минатата (2019) година од 131 милион долари се зголеми на 155 милиони долари.

На прво место меѓу земјите во кои е реализиран најголем извоз на туршија од Турција е Германија со 41 милиони 327 илјади долари.

По оваа земја редум следуваат Холандија со 25 милиони 748 илјади долари и САД со 18 милиони 325 илјади долари.

Најголем раст во извозот на туршија пак, е остварен во Чешка кадешто извозот од 72 илјади долари се зголеми дури на 2 милиони 645 илјади долари.

Во извозот според видови туршија пак, на прво место се наоѓа туршијата од краставици со 65 милиони 847 илјади долари.

Остварен е извоз на туршија од пиперки во вредност од 63 милиони 812 илјади долари, а извозот на мешана туршија изнесува 17 милиони 751 илјада долари.



Слични вести