Секретарот за трговија на САД Вилбур Рос се обрати преку видео-конференција на 38. Турско-американска конференција

Секретарот за трговија на САД Вилбур Рос преку видео-конференција учествуваше на 38-мата Турско-американска конференција кадешто истакна дека двете земји работат за реализација на целта за зголемување на трговскиот обем на 100 милијарди долари

1495646
Секретарот за трговија на САД Вилбур Рос се обрати преку видео-конференција на 38. Турско-американска конференција

Секретарот за трговија на Соединетите Американски Држави (САД) Вилбур Рос преку видео-конференција учествуваше на 38-мата Турско-американска конференција во организација на Советот за надворешно економски односи (DEİK), Турско-американскиот деловен совет (TAİK) и Трговската комора на САД.

Вилбур Рос го рече следното: „Претседателот Доналд Трамп и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја споделуваат визијата за зајакнување на билатералните односи и нашите земји работат за реализација на нашата цел за зголемување на трговскиот обем на 100 милијарди долари.

Тој истакна дека извозот на течен природен гас (LNG) од САД на Турција би можел да одигра „клучна улога“ во постигнувањето на целта на двете земји за трговски обем од 100 милијарди долари.

Велејќи дека во Турција делуваат 1.700 американски фирми и дека регионалните центри на 60 од овие фирми се во Турција, Вилбур Рос привлече внимание дека исто така овие американски фирми обезбедуваат вработување за 78 илјади турски граѓани.

Рос напомена дека од друга страна увозот на САД од Турција во споредба со минатата година со раст од 3 отсто се зголеми на околу 10,6 милијарди долари.

Осврнувајќи се на целта во трговскиот обем помеѓу Турција и САД, американскиот секретар за трговија Вилбур Рос рече: „Претседателот Доналд Трамп и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја споделуваат визијата за зајакнување на билатералните односи и нашите земји работат за реализација на нашата цел за зголемување на трговскиот обем на 100 милијарди долари. Со нетрпение очекуваме во наредните години да бидат продлабочени ѝ нашите економски ѝ нашите трговски односи.“



Слични вести