Албајрак: Годината ќе ја завршиме на подобра точка од предвидувањата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека по добиените добри податоци за раст на индексот на доверба на потрошувачите годината ќе ја завршиме на подобра точка од предвидувањата

1495511
Албајрак: Годината ќе ја завршиме на подобра точка од предвидувањата

Индексот на доверба на потрошувачите во месец септември (2020 година) во Турција на месечна база со раст од 3,2 отсто се зголеми на 82 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) го објави индексот на доверба на потрошувачите во врска со месец септември.

Според тоа, индексот на доверба на потрошувачите во месец септември во споредба со минатиот месец (август) забележа раст од 3,2 отсто. 

Довербата на индексот од 79,4 отсто во август, во септември се зголеми на 82 отсто.

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер исто така направи проценка на податоците на индексот на доверба на потрошувачите во врска со месец септември.

Привлекувајќи внимание на растот на индексот, министерот Албајрак ја изнесе следната констатација: „Нашата економија во третиот квартал даде порака за силен раст. Во споредба со август индексот на доверба на потрошувачите со раст од 3,2 изнесува 82 отсто. Податоците доаѓаат добро. Иншаллах (со Аллахова помош) годината ќе ја завршиме на подобра точка од предвидувањата.“



Слични вести