Турција во периодот јануари-август 2020 г. оствари извоз на чај во вредност од 10,77 милиони долари

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİB), во периодот јануари-август 2020 година, за 8 месеци, Турција од извозот на 2.753 тони чај заработи приходи во висина од 10 милиони 772 илјади 705 долари

1493938
Турција во периодот јануари-август 2020 г. оствари извоз на чај во вредност од 10,77 милиони долари

Во периодот јануари-август 2020 година, за 8 месеци, од Турција е остварен извоз на чај во вредност од вкупно 10 милиони 772 илјади 705 долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİB), во периодот јануари-август 2020 година, за 8 месеци, Турција од извозот на 2.753 тони чај заработи приходи во висина од 10 милиони 772 илјади 705 долари.

Во наведениот период фирмите од градот Ризе со остварен извоз на 1.887 тони чај обезбедија влез во земјата на девизни средства во износ од 6 милиони 235 илјади 210 долари.

На тој начин градот Ризе на количинска база оствари извоз на 69 отсто од вкупниот извоз на чај во земјата, а на вредносна база извоз од 58 отсто.   

Реализираната надворешна продажба на чај од градот во наведениот период, во споредба со истиот период минатата година на количинска база е остварен раст од 23 отсто, а на вредносна база раст од 57 отсто.

Бројот на земјите во кои е остварен извоз на чај од градот Ризе, во споредба со истиот период од 8 месеци (јануари-август) минатата година со додавање на уште 11 земји се зголеми на 28 земји.

Земји на кои им е продадено најмногу чај редум се Белгија, Соединетите Американски Држави (САД), Холандија, Саудиска Арабија и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).



Слични вести