Шентоп и честита на турската фармацевтска компанија „Абди Ибрахим“ за партнерството со „OM Pharma“

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп истакна: „Тоа е мошне значајно од аспект на тоа што го покажува обемот на активностите и способноста на потег на Турција во сферата на здравството во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)“

1493987
Шентоп и честита на турската фармацевтска компанија „Абди Ибрахим“ за партнерството со „OM Pharma“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и честита на турската фармацевтска компанија „Абди Ибрахим“ едната од водечките фармацевтски компании на Турција поради купувањето на 28,5 од акциите на швајцарската фармацевтска компанија „OM Pharma“.

Според добиени информации од претседателството на Собранието, претседателот Шентоп го побара по телефон претседателот на Управниот одбор на „Абди Ибрахим“ Незих Барут.

Во телефонскиот разговор, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, го достави своето задоволство во име на Турција и го истакна следното: „Тоа е мошне значајно од аспект на тоа што го покажува обемот на активностите и способноста на потег на Турција во сферата на здравството во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Инаку, турската фармацевтска компанија „Абди Ибрахим“ пред 2 дена заедно со една швајцарска заедничка иницијаторска група ја купи 83-годишната биотехнолошка компанија „„OM Pharma“ формирана во Швајцарија, предводничката земја во фармацевтската индустрија.

„Абди Ибрахим“ со оваа склучена зделка го запиша своето име во историјата како прва и единствена турска фармацевтска компанија која формира стратешко партнерство со една европска фармацевтска компанија.



Слични вести