Анталија од 1 јануари до 13 септември пречека над 2 милиони посетители од 170 земји

Анталија во периодот од 1 јануари до 13 септември годинава ја посетија вкупно 2 милиони 3 илјади 946 странски туристи

1493702
Анталија од 1 јануари до 13 септември пречека над 2 милиони посетители од 170 земји

Анталија, едниот од најпознатите туристички центри на Турција, кој обезбедува можности за здрав и безбеден одмор, досега се пречекани вкупно 2 милиони 3 илјади 946 странски туристи од 170 земји ширум светот, а пред се од Русија, Украина, Германија, Англија, Полска.

Во рамките на „Програмата сертификација за безбеден туризам“ започната во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во координација на Министерството за култура и туризам, голем број објекти во градот нудат услуга со сертификат.

Така благодарение на преземните превентивни мерки во Анталија се нуди безбеден и здрав туризам, поради што се наоѓа меѓу првите места кои се избираат од страна на туристите за поминување на одморот во периодот на епидемијата.

Анталија која секоја година е домаќин на милиони туристи од сите страни на светот, во периодот од 1 јануари до 13 септември годинава ја посетија вкупно 2 милиони 3 илјади 946 странски туристи.

Во наведениот период од Русија допатуваа 703.463 туристи, од Украина 354.518, Германија 239.673, Англија 148.535 и од Полска 47.999 туристи.



Слични вести