Министерот Албајрак: Турција трета земја во светот која ќе биде подложена најмалку на влијанието на Ковид-19

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на Твитер напиша дека според прогнозите на ОЕЦД Турција е трета земја во светот која ќе биде подложена најмалку на влијанието на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1493349
Министерот Албајрак: Турција трета земја во светот која ќе биде подложена најмалку на влијанието на Ковид-19

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео во кое се наоѓаат прогнози на ОЕЦД за раст во 2020 година според земји.

Албајрак истакна дека според прогнозите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) после Кина и Јужна Кореја, трета земја која ќе биде "подложена најмалку на влијанието" на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е Турција. 

"Благодарение на нашата силна економија и оваа прогноза ќе биде променета со уште подобра. Им должиме благодарност на целиот наш здравствен персонал и на нашите работници кои не го оставија производството во оваа борба." - напиша министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната мрежа Твитер. 



Слични вести