Раст на индустриското производство на Турција во јули 2020 г. од 8,4 отсто

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индустриското производство во месец јули 2020 година оствари раст од 8,4 отсто, а на годишна база раст од 4,4 отсто

1490173
Раст на индустриското производство на Турција во јули 2020 г. од 8,4 отсто

Раст на индустриското производство во јули 2020 година на месечна база од 8,4 отсто.

Според податоците на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) за месец јули (2020 година), индустриското производство во јули оствари раст од 8,4 отсто. 

На годишна база пак, е остварен раст од 4,4 отсто.

Вкупниот индекс на промет и секторите на индустријата, градежништвото, трговијата и секторот на услуги, во месец јули (2020) во споредба со истиот месец минатата (2019) година се зголеми за 20,2 отсто.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во соопштението коешто го сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со растот во индустриското производство го истакна следното: "Сите подсфери на месечна база се позитивно реализирано. Во индустриското производство приложуваме да се одвојуваме потивино во глобалната економија и го зазедовме нашето место меѓу првите 3 земји."

Велејќи дека мерките коишто се применуваат го заживеаја реалниот сектор, Варанк информира дека во третиот квартал се очекува висок раст.

Во меѓувреме, и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во направената проценка на својот профил на социјалната мрежа Твитер исто така истакна дека индустриското производство во месец јули (2020) на годишна база забележа раст од 4,4 отсто, додека обемот на продажба на мало раст од 11,9 отсто. 

Тој привлече внимание дека и во секторите на градежништвото, трговијата и секторот на услуги во јули на годишна база индексот на промет оствари раст од 20,2 отсто.

"Благодарност до сите наши производители кои имаат доверба и веруваат во иднината на оваа земја." - истакна министерот за трезор и финансии Берат Албајрак. 



Слични вести