Бројот на странските туристи кои допатуваа во Анталија достигна до 2 милиони

Во Анталија, „престолнината на туризмот“, во периодот од 1 јануари до 10 септември дојдоа на одмор вкупно 1 милион 883 илјади 903 странски туристи

1489687
Бројот на странските туристи кои допатуваа во Анталија достигна до 2 милиони

Во Анталија, едниот од најпознатите туристички центри на средоземноморските крајбрежја на Турција, кадешто во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се нуди услуга на здрав туризам, од почетокот на годината во периодот од 1 јануари до 10 септември допатуваа вкупно 1 милион 883 илјади 903 странски туристи.

Во градот којшто се наоѓа меѓу најзначајните туристички дестинации во светот, особено од почетокот на месец јули почна да се доживува голема туристичка раздвиженост.

Во Анталија кадешто во рамките на „Програмата сертификација за безбеден туризам“ започната во периодот на епидемијата на Ковид-19 во координација на Министерството за култура и туризам, се нуди услуга на безбеден и здрав туризам, туристичката раздвиженост е интензивирана особено во август и септември. 

Во Анталија, „престолнината на туризмот“, во периодот од 1 јануари до 10 септември дојдоа на одмор вкупно 1 милион 883 илјади 903 странски туристи.

На прво место по бројот на туристите се наоѓа главниот пазар Русија, на второ место е Украина, а на трето Германија.



Слични вести