Турција за 8 месеци од извозот на морска храна заработи над 73 милиони долари

Турција во периодот јануари-август 2020 година оствари извоз на морска храна во износ од 73 милиони 7 илјади 203 долари

1488988
Турција за 8 месеци од извозот на морска храна заработи над 73 милиони долари

Во периодот јануари-август 2020 година од Источноцрноморската област е остварен извоз на морска храна во износ од 73 милиони 7 илјади 203 долари. 

Според сумираните бројки од страна на Унијата на Извозниците од Источноцрноморската област (DKİB), во периодот јануари-август годинава за 8 месеци од областа се продадени 33.055 тони морска храна на 29 земји. 

Во наведениот период земји во кои е остварена најголема надворешна продажба се Руската Федерација, Перу, Франција, Норвешка и Виетнам. 

Во периодот јануари-август е остварен извоз на морска храна за Руската Федерација во вредност од 22 милиони 125 илјади 379 долари, за Перу 11 милиони 112 илјади 65 долари, Франција 8 милиони 39 илјади 154 долари, Норвешка 7 милиони 42 илјади долари, а за Виетнам 6 милиони 784 илјади 612 долари. 

Земји во кои е остварен најмал извоз пак, се Оман, Бахреин, Кувајт, Авганистан и Косово.

Во овие земји е реализиран извоз од вкупно 14.566 килограми од што се заработени приходи во висина од 57 илјади 598 долари.



Слични вести