Во новата нормала Кападокија ја посетија 255.811 туристи

Министерството за култура и туризам соопшти дека Кападокија во новата нормала по периодот на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во месец јуни ја посетија 16.791, во јули 80.220, а во август 158.800 туристи, вкупно 255.811 туристи

1487813
Во новата нормала Кападокија ја посетија 255.811 туристи

Музеите и археолошките локалитети во Кападокија која е позната по своите природни, историски и културни богатства, во периодот на новата норма ја посетија 255.811 туристи.

Кападокија, како еден од најпознатите туристички центри на Турција која е позната по своите долини со конусните карпести форми познати како самовилски оџаци и природните камени форми, историските манастирите, црквите и капелите вдлабени во карпите (меките вулкански карпи), подземните градови и населби и патувањата со балоните со топол воздух, како и други алтернативни туристички патувања, продолжува да го привлекув а вниманието на туристите.

Според податоците на Министерството за култура и туризам, туристичките центри во подрачјето коишто се отворени за посета во новата нормала по периодот на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во месец јуни ги посетија 16.791, во јули 80.220, а во август 158.800 туристи.



Слични вести