Албајрак: Турција собори рекорд во производството на електрична енергија и го продолжува својот раст во секоја сфера

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека Турција соборувајќи рекорд во производството на електрична енергија го продолжува својот раст во секоја сфера

1487152
Албајрак: Турција собори рекорд во производството на електрична енергија и го продолжува својот раст во секоја сфера

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели следната објава на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез: „На 3 септември го соборовиме рекордот на сите времиња во дневното производство на електрична енергија и ја надминавме бројката од 1 милијарда киловат часа.“

Албајрак истакна дека Турција соборувајќи рекорд во производството на електрична енергија го продолжува својот раст во секоја сфера.

„Не застануваме, го продолжуваме производството. Со нашите инвестиции и проекти Турција поминува во една друга епоха. По нашето историско откритие на природен гас фрливме уште еден голем чекор во енергетскиот сектор. Соборувајќи рекорд во производството на електрична енергија го продолжуваме нашиот раст во секоја сфера.“ - напиша министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести