Извозот на автомобилската индустрија на Турција во август изнесува над 1,5 милијарди долари

Извозот на автомобилската индустрија на Турција во месец август изнесува 1 милијарда 545 милиони долари, додека надворешната продажба на секторот во периодот јануари-август е регистрирана како 14 милијарди 536 милиони долари

1485685
Извозот на автомобилската индустрија на Турција во август изнесува над 1,5 милијарди долари

Извозот на автомобилската индустрија на Турција во месец август изнесува 1 милијарда 545 милиони долари.

Според објавеното соопштение од Унијата на извозниците на автомобилската индустрија Улудаг (OİB), надворешната продажба на автомобилската индустрија на Турција минатиот месец беше подложена на влијание од направената пауза во производството ѝ поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ѝ поради активностите за одржување и поправање на автомобилските фабрики.

Извозот на автомобилската индустрија на Турција во месец август изнесува 1 милијарда 545 милиони долари, додека надворешната продажба на секторот во периодот јануари-август е регистриран како 14 милијарди 536 милиони долари.

Надворешната продажба во август на база на групи производи во индустријата на снабдување изнесува 729 милиони долари, додека во извозот за Германија како земја во која е остварен најголем извоз е постигнат раст од 8,9 отсто, за Франција која се наоша на второ место раст од 10 отсто, а за Италија која е на трето место раст од 26 отсто.

Од другите пазари, е постигнат раст во извозот за Соединетите Американски Држави (САД) од 8 отсто, за Романија раст од 27 отсто и за Шпанија раст од 23 отсто. За Русија е согледан пад од 4 отсто и за Белгија пад од 1 отсто, а за Полска внимание привлече растот од 12 отсто и за Мароко растот од 56 отсто.

И покрај влијанието на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), земјите на Европската унија (ЕУ) со дел од 72 отсто повторно продолжија да се најголемиот пазар во индустријата на снабдување.



Слични вести