Турција од извозот на цитрусно овошје за 8 месеци заработи 340 милиони долари

Претседателот на Унијата на извозниците на свежо овошје и зеленчук од средоземноморската област Неждат Син рече: „Во цитрусното овошје за 8 месеци е остварен извоз на 666 тони производи и од тоа на Турција и обезбедивме заработка од 339,8 милиони долари“

1485392
Турција од извозот на цитрусно овошје за 8 месеци заработи 340 милиони долари

Од извозот на цитрусно овошје за 8 месеци се заработени приходи во износ од 340 милиони долари/

Претседателот на Унијата на извозниците на свежо овошје и зеленчук од средоземноморската област Неждат Син во објавеното писмено соопштение истакна дека цитрусното овошје ја сочинува најзначајната група производи во извозот на свежо овошје и зеленчук.

Велејќи дека како Унија реализираат 77 отсто од извозот на цитрусно овошје на Турција, Син рече: „Во цитрусното овошје за 8 месеци е остварен извоз на 666 тони производи и од тоа на Турција и обезбедивме заработка од 339,8 милиони долари.“

Неждат Син напомена дека во споредба со истиот период (од 8 месеци) минатата година кај цитрусното овошје постои раст од 32 отсто, Неждат Син и го рече следното: „Кога ќе погледнеме на земјите во кои имаме остварен најголем извоз на цитрусно овошје на прво место се наоѓа Русија во 119,4 милиони долари, на второ Украина со 33,4 милиони долари, а на трето е Ирак со 32,4 милиони долари. На чело на земјите кај кои остваривме највисок раст во извозот на цитрусно овошје се наоѓа Италија со раст од 539 отсто и износ од 3,6 милиони долари. По оваа земја следуваат Белорусија со раст од 212 отсто и износ од 4,1 милион долари и Полска со раст од 197 отсто и износ од 18 милиони долари.“



Слични вести