Во Анталија од 1 јануари до 31 август дојдоа над 1 милион 558 илјади туристи

Анталија во периодот од 1 јануари до 31 август пречека вкупно 1 милион 558 илјади 373 туристи од кои поголемиот дел во месец август кога дојде до раздвижување во годинашната туристичка сезона

1484226
Во Анталија од 1 јануари до 31 август дојдоа над 1 милион 558 илјади туристи

Туристичката сезона која поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) започна доцна, особено почнувајќи од месец август почна да се раздвижува.

Престолнината туризмот Анталија во периодот од 1 јануари до 31 август пречека вкупно 1 милион 558 илјади 737 туристи од кои поголемиот дел во месец август. 

Од Русија која е најзначаен пазар за Анталија во август во градот дојдоа 336.409  туристи, од Украина 172.118, а од Англија 75.556 туристи.

Претседателот Групата за туризам на градскиот совет Реџеп Јавуз истакна дека со програмата за сертификат за безбеден туризам Турција му ја дава пораката на светот за "здрав и безбеден одмор."

Велејќи дека со секој поминат ден расте бројот на авионите кои слетуваат во Анталија, Јавуз напомена дека доаѓаат туристи од речиси секоја земја.

Реџеп Јавуз укажа на тоа дека во јули се појави размрдување и се појави сериозна раздвиженост, а воедно го подвлече следното: „Сликата којашто се појави во август6за Анталија, малку е надвор од вообичаеното. На пазарот ја гледаме тежината на пазарите во Русија и Украина. Особено Украина, споредено со другите пазари ѝ почна поарно ѝ ја одмина бројката на август, минатата година. Едното од најзначајните изненадувања беше Англија. Англија го надмина бројките на август во 2016 и 2017 година и се најде меѓу првите 3 земји.“



Слични вести