Рекорд во извозот на лешници од Турција во количинска база во 2019-2020 година
Турција во сезоната 2019-2020 година оствари извоз на 343.561 тони лупени лешници што претставува рекорд на количинска база и од овој извоз заработи 2 милијарди 312 милиони 45 илјади 738 долари
1483656

Од Турција во сезоната 2019-2020 година е остварен извоз на 343.561 тон лупени лешници со што е постигнат рекорд во количинска база.
Претседателот на Управниот одбор на Унијата на Извозниците на лешници и производи од лешници на Црноморската област (KFMİB) Илјас Едип Севинч во објавено писмено соопштение го рече следното:
"Во периодот 2019-2020 е остварен извоз на 343.561 тони лупени лешници и е постигнат нов рекорд на количинска база во историјата на Републиката. Девизните средства коишто се заработени од овој извоз пак, изнесуваат 2 милијарди 312 милиони 45 илјади 738 долари."
Севинч им се заблагодари на производителите и индустријалците кои имаат заслуга во постигнувањето на овој успех.