Автомобилскиот пазар за 8 месеци постигна раст од 68,4 отсто

Продажбата на автомобили во првите осум месеци на годинава во споредба со истиот период лани се зголеми за 64,2 отсто

1483694
Автомобилскиот пазар за 8 месеци постигна раст од 68,4 отсто

Продажбата на автомобили и лесни комерцијални возила во периодот јануари-август во Турција во споредба со истиот период минатата година постигна раст од 68,4 отсто и достигна 403 002.

Продажбата на автомобили во првите осум месеци на годинава во споредба со истиот период лани се зголеми за 64,2 отсто и изнесува 317 394, додека продажбата на лесни комерцијални возила се зголеми за 86,1 отстто и изнесува 85 608.

Во август на вкупниот пазар беа продадени 61 533 возила. Оваа бројка во истиот период минатата година изнесуваше 26 246 и гледано од тој аспект пазарот на автомобили и лесни трговски возила постигна раст од 134,4 отсто.

Продажбата на автомобили во август во споредба со иситот период минатата година се зголеми за 106 отсто и изнесува 44 372, додека на лесните комерцјални возила за 265 отсто и изнесува 17 161.



Слични вести