Турски инвеститор поднесе барање за откуп на „Тикток“

Холдингот „Глобал јатирим холдинг“ чиј стратешки инвеститор е „Centricus“, поднесе барање за откуп на кинеската видео имплементација „ТикТок“

1483032
Турски инвеститор поднесе барање за откуп на „Тикток“

Во соопштението кое беше објавено од страна на алтернативната инвеститорска платформа „Centricus“ со седиште во Лондон, меѓу чии основачи се наоѓа и турскиот инвеститор Далинч Арибуруну, беше истакнато дека холдингот „Глобал јатирим холдинг“ чиј стратешки инвеститор е „Centricus“, поднесе барање за откуп на кинеската видео имплементација „ТикТок“.

Компанијата „Centricus“ соопшти дека заедно со „WalMart“, освен тоа што сакаат да ја купат видео имплементацијата „ТикТок“ која исто така сакаат да ја откупат и другите гиганти како што се „ Microsoft„ и „Oracle“, исто така сакаат да ги купат иоперациите во САД, Австралија, Нов Зеланд и Индија.

Според информациите, меѓу сопствениците на инвеститорската компанија „Centricus“ чиј основач е Турчинот Далинч Арибурну се наоѓаат и глобални инветситори како што се кралското семејство на катар и јапонската банка Софтбанк.

Компанијата „Centricus“ со 31,2 отсто од акциите на „Ггобал јатирим холдинг“ е стратешки инвеститор на компанијата, додека Турчинот Арибурну е член на Управниот одбор.

„Centricus“ понудата ја достави заедно со американската компанија за виео и музички имплементации „Triller“.

Понудата од 20 милијарди долари беше изнесена во вид на пакет и тоа 10 милијарди долари во готово, 10 милијарди долари во вид на дивидентно партнерство.



Слични вести