Градот Малатја од извозот на суви кајсии во 115 земји заработи 252,6 милиони долари

Од градот Малатја е остварен извоз на суви кајсии во 115 земји низ светот од што се заработени приходи во износ од 252 милиони 661 илјада долари

1480820
Градот Малатја од извозот на суви кајсии во 115 земји заработи 252,6 милиони долари

Од градот Малатја кадешто се произведуваат 85 отсто од производството на суви кајсии во светот, е остварен извоз на 96.400 тони суви кајсии во 115 земји  во износ од 252 милиони 661 илјада долари.

Кајсиите кои се одгледуваат во Малатја каде има приближно 8 милиони стебла дрвја кајсии, и оваа година ги засладија устите во светот.

На чело на земјите во кои се остварува најголем извоз на суви кајсии се Соединетите Американски Држави (САД), а по нив следуваат Франција и Германија.

Во бројките од остварениот извоз внимание привлекоа и продажбите на Мозамбик од 20 килог, Гамбија 40 килограми и на Гана од 50 килограми.



Слични вести