Потенцијалната економска вредност на откриениот гас во Црното Море изнесува 80 милијарди долари

Претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Фатих Бирол истакна дека потенцијалната економска вредност на откриените 320 милијарди метри кубни природен гас од страна на Турција во Црното Море  изнесува околу 80 милијарди долари

1478228
Потенцијалната економска вредност на откриениот гас во Црното Море изнесува 80 милијарди долари

Претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Фатих Бирол во дадената изјава за Новинската Агенција Анадолија (АА) нагласи дека откривањето на резерви на природен гас во Црното Море од страна на Турција претставува крајно значајна пресвртница за турската економија и енергетскиот сектор.

Фатих Бирол истакна дека потенцијалната економска вредност на откриените 320 милијарди метри кубни природен гас од страна на Турција во Црното Море  изнесува околу 80 милијарди долари.

„Полињата за нафта и природен гас на меѓународно ниво се делат на одредени категории. Полето за гас Сакарја (Туна-1) категорички се класифицира во категоријата на џиновски полиња.“ - информира Фатих Бирол и го изнесе следниот коментар: „Освен тоа ова откритие на Турција е едниот од најзначајните реализира откритија во светот во последно време. Ако направиме споредба, ова откритие е еднакво со целокупните лежишта на природен гас коишто ги откри Норвешка во Северното Море од 2010 година досега.“  

Бирол рече дека Турција со зголемување на производството на сопствениот природен гас ќе ја намали и својата зависност од надвор.

Велејќи дека затоа ова откритие се очекува да влијае позитивно и на разговорите за меѓународните договори за гаса, а со тоа и на цените на потрошувачката на гас на Турција, претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Фатих Бирол го додаде следното: „Според нашите пресметки, потенцијалната економска вредност на на гасот во полето со сегашниот тренд на цените изнесува околу 80 милијарди долари.“ 



Слични вести