ЕУ се подготвува за доделување на финансиска поддршка од 81 милијарда евра на 15 земји членки

Европската унија (ЕУ) за користење во програмата за заштита на вработувањето на 15 земји членки ќе им се додели кредит во износ од приближно 81 милијарда евра, под поволни услови на исплата

1478334
ЕУ се подготвува за доделување на финансиска поддршка од 81 милијарда евра на 15 земји членки

Европската комисија (ЕК) предложи на програмите за заштита на вработувањето во 15 земји членки на Европската унија (ЕУ) поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) да им се додели финансиска поддршка во износ од приближно 81 милијарда евра.

Европската комисија (ЕК) соопшти дека е доставен предлог до Европскиот совет (ЕС) за обезбедување финансиска поддршка на 15 земји членки кои се обратиле во рамките на програмата за заштита на вработувањето „SURE“, којашто е подготвена поради пандемијата.

Според тоа, за користење во програмата за заштитаа на вработувањето ќе се додели кредит во износ од приближно 81 милијарда евра под поволни услови на исплата и тоа на Италија 27,4 милијарди евра, на Шпанија 21,3 милијарди евра, на Полска 11,2 милијарди евра, Белгија 7,8 милијарди евра, Романија 4 милијарди евра, Грција 2,7 милијарди евра , Чешка 2 милијарди евра, Словенија 1,1 милијарда евра, Хрватска 1 милијарда евра, Словачка 631 милион евра, Литванија 602 милиони евра, Бугарија 511 милиони евра, Јужната кипарско-грчка управа 479 милиони евра, Малта 244 милиони евра и Летонија 192 милиони евра.

Според програмата за заштита на вработувањето подготвена поради Ковид-19, земјите членки во согласност со големината на нивните економии ќе обезбедат вкупно 25 милијарди евра гаранција за доделување кредит на Европската комисија (ЕК).

Со оваа гаранција, Европската комисија (ЕК) од пазарите на капитал ќе собере средства во износ од 100 милијарди евра.

Со овој фонд, Европската комисија (ЕК) ќе обезбеди кредит за земјите членки со поволни услови за употреба во краткорочни работни програми и програми за поддршка во плаќање.



Слични вести