Министерството за национална одбрана во борбата против Ковид-19 досега произведе повеќе од 80 милиони маски

Министерството за национална одбрана соопшти дека во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се произведени повеќе од 80 милиони заштитни маски

1477706
Министерството за национална одбрана во борбата против Ковид-19 досега произведе повеќе од 80 милиони маски

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега се произведени повеќе од 80 милиони заштитни маски.

Во објавеното соопштение од Министерството се истакнува дека персоналот на Институцијата за машинска и хемиска индустрија (МКЕК) и во воените шивачници уште од денот кога Ковид-19 почна да се забележува во Турција работи со високо темпо и со самопожртвуваност за обезбедување на потребите од маски.

Во соопштението се вели следното: "Во нашите единици кои освен за потребите на Турските вооружени сили (ТВС) работат за обезбедување и на потребите на нашиот племенит народ, заедно со повеќе од 80 милиони маски се произведени и над 500 илјади заштитни комбинезони и над 210 илјади литри дезенфекциско средство. Нашето производство продолжува без прекин."



Слични вести