Бројот на туристите кои допатуваа на одмор во Анталија надмина 1 милион

Претседателот на Туристичката група на градскиот совет Реџеп Јавуз додаде дека бројот на туристите кои допатуваа во Анталија во периодот од 1 јануари до 19 август достигна до 1 милион 87 илјади 959 лица

1476893
Бројот на туристите кои допатуваа на одмор во Анталија надмина 1 милион

Бројот на туристите кои допатуваа во Анталија како адреса на „безбедниот одмор“ во процесот на новиот тип коронавирус (Ковид-19), надмина 1 милион.

Во Анталија која се наоѓа меѓу најзначајните туристички дестинации во светот, со започнување на авионските летови од странство почна да се доживува и раздвиженост во туристите. 

Претседателот на Туристичката група на градскиот совет Реџеп Јавуз нагласи дека програмата Сертификат за безбеден туризам претставува крајно успешна работа од аспект на туризмот на Анталија и општо на Турција, а воедно информира дека се реализираат значајни промоции за странство и оваа програма се афирмира добро.

Појаснувајќи дека туризмот во градот почна да се раздвижува особено во јули, Реџеп Јавуз го рече следното: „Според сумираните статистички податоци од аеродромот на Анталија, градот заклучно со 19 август ја долови бројката од 1 милион туристи. Тоа е бројка којашто не треба да се омаловажи во овој период. Не мислам дека во 2020 година има многу голем број туристички дестинации во кои за 8 месеци патувале 1 милион туристи.“

Јавуз истакна дека во Анталија дојдоа туристи од 31 земји и дека најголем број туристи во периодот од 1 јануари до 19 август пристигнаа од Украина.

На второ место пак, рече Јавуз, се наоѓаат руските туристи.

„Од Украина за одмор ја избраа Анталија 299.967 туристи, од Русија 281.398, Германија 221.151, Англија 85.850 туристи.“

Претседателот на Туристичката група на градскиот совет Реџеп Јавуз додаде дека бројот на туристите кои допатуваа во Анталија во периодот од 1 јануари до 19 август достигна до 1 милион 87 илјади 959 лица.



Слични вести