Турција во јануари-јули оствари извоз на свежо овошје и зеленчук во износ од 1,37 милијарди долари

Турција во јануари-јули 2020 година оствари извоз на свежо овошје и зеленчук во износ од 1 милијарда 364 милиони 609 илјади долари, а повеќе од половината беше наменет за Русија и Германија

1475087
Турција во јануари-јули оствари извоз на свежо овошје и зеленчук во износ од 1,37 милијарди долари

Повеќе од половината од извозот на свежо овошје и зеленчук што го оствари Турција минатиот месец беше наменет за Русија и Германија.

Според сумираните податоци од Собранието на извозниците на Турција и Унијата на извозниците Улудаг, надворешната продажба на секторот за свежо овошје и зеленчук во месец јули оваа (2020) година, во споредба со истиот месец минатата (2019) година со раст од 41,36 отсто се зголеми на 186 милиони 169 илјади долари.

Извозот во овој сектор во периодот јануари-јули во 2020 година пак, во споредба со истиот период минатата (2019) година и покрај влијанијата на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст од 24,43 отсто достигна до 1 милијарда 364 милиони 609 илјади долари.

Извозот на свежо овошје и зеленчук за Русија како земја во која е остварена најголема надворешна продажба во месец јули, споредено со истиот месец минатата година, со раст од 51,72 отсто од 44 милиони 231 илјада долари се зголеми на 67 милиони 106 илјади долари.

Надворешната продажба за Русија во периодот јануари-јули 2020 година во споредба со истиот период минатата (2019) година пак, со раст од 34,44 отсто изнесува 463 милиони 831 илјада долари.

Во извозот на свежо овошје и зеленчук во месец јули, после Русија следува Германија со раст од 41,63 отсто и со 44 милиони 844 илјади долари. 

Во периодот јануари-јули оваа (2020) година извозот на свежо овошје и зеленчук за Германија со раст од 12 отсто се зголеми на 163 милиони 443 илјади долари.

Во јули од Турција за Ирак е остварен извоз на свежо овошје и зелечнук во износ од 14 милиони долари, за Холандија 4 милиони 960 илјади долари, Украина 4 милиони 332 илјади долари, Романија 3 милиони 940 илјади долари, Хонгконг 3 милиони 759 илјади долари и за Италија 3 милиони 134 илјади долари.



Слични вести