Мега јахтата „Scheherazade“ се укотви во Бодрум

Во пристаништето на познатото туристичко одморалиште Бодрум се укотви ултра луксузната мега јахта „Scheherazade“

1474225
Мега јахтата „Scheherazade“ се укотви во Бодрум

Мега јахтата по име „Scheherazade“ која се наоѓа меѓу најпознатите ултра луксузни мега јахти во светот се укотви во познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла.

Мега јахтата долга 140 метри која плови под знамето на Кајманските острови кои се прекуморски територии на Обединетото Кралство, се доближи до скелата на патничкото пристаниште на Бодрум во месноста Пашатарласи.

Оваа јахта која според редоследот на должина на јахтите е на 14-то место во светот, содржи различни луксузни работи како што се писта, платформа за пливање, спа, салон за убавина, јакузи на палубата и др.

Како што се дознава на мега јахтата ќе му се наполни гориво во Бодрум.



Слични вести