Извозот на цитрусно овошје од Турција во Русија за 7 месеци достигна 119 милиони 340 илјади долари

Турција за 7 месеци оваа година оствари извоз на цитрусно овошје во Русија во износ од 119 милиони 340 илјади долари

1473774
Извозот на цитрусно овошје од Турција во Русија за 7 месеци достигна 119 милиони 340 илјади долари

Извозот на цитрусно овошје од Турција на Русија за 7 месеци во периодот јануари-јули оваа (2020) година во споредба со истиот период минатата (2019) година оствари раст од 48 отсто и достигна до 119 милиони 340 илјади долари. 

Минатата (2019) година во периодот јануари-јули беше реализирана надворешна продажба на циструсно овошје од 143.333 тони на Русија од што беа заработени девизни средства во износ од 80 милиони 887 илјади долари, додека во оваа година (2020) во истиот период извозот се зголеми.

Во периодот јануари-јули со остварен извоз од 198.106 тони цитрусно овошје во Русија се заработени девизни приходи за економијата на земјата во износ од 119 милиони 340 илјади долари.

На база на производи за Русија е остварен извоз на 83.119 тони мандарини во износ од 50 милиони 790 илјади долари, 40.241 тон лимони во износ од 30 милиони 826 илјади долари и 42.392 тони портокали во износ од 22 милиони 173 илјади долари.

Останиот дел од извозот го сочинуваат други видови цитрусно овошје.

 



Слични вести