Извозот на чевли на Турција за 7 месеци во 2020 година достигна до 490 милиони долари

Здружението на Индустријалците на чевли на Турција (TASD) соопшти дека извозот на чевли на Турција во периодот јануари-јули 2020 година достигна до 490 милиони долари

1472384
Извозот на чевли на Турција за 7 месеци во 2020 година достигна до 490 милиони долари

Извозот на чевли на Турција во периодот јануари-јули 2020 година не ја намали својата брзина и достигна до 490 милиони долари.

Според соопштението на Здружението на Индустријалците на чевли на Турција (TASD), најголем извоз на чевли од Турција во периодот јануари-јули (за 7 месеци) во 2020 година е остварен во Русија до 45,5 милиони долари, на второ место е Германија со 39 милиони долари, на трето Ирак со 37,5 милиони долари, а на четврто место Шпанија со 25 милиони долари.

Други земји кои се наоѓаат меѓу првите 10 во извозот се редум Романија, Саудиска Арабија, Италија, Полска, Холандија и Израел.

Во извозот на чевли на Турција во периодот јануари-јули во Шпанија е остварен раст од 11,6 отсто (25,3 милиони долари), а во извозот во Холандија раст од 12 отсто (13,6 милиони долари).

 



Слични вести