За два дена во Анталија пристигнаа приближно 40 илјади руски туристи

Валијата на Анталија Ерсин Јазиџи истакна дека гостите почнаа да доаѓаат за одмор и дека за два дена пристигнаа приближно 40 илјади руски туристи

1471715
За два дена во Анталија пристигнаа приближно 40 илјади руски туристи

За два дена во Анталија дојдоа приближно 40 илјади руски туристи.

Валијата на Анталија Ерсин Јазиџи истакна дека превентивните мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) исто како и во цела Турција се наоѓаат на највисоко ниво и во градот.

Велејќи дека гостите почнаа да доаѓаат во Анталија, Валијата Јазиџи го рече следното: "Вчера дојдоа 22 илјади руски туристи. Денеска пак, почнавме да угостуваме 17.571 руски гостин. Бројот на туристи кои дневно доаѓаат просечно приближно по околу 19 илјади заклучно со вчера се зголеми на 34.996. Верувам дека наскоро ќе доаѓаат и Германци така што туристичкиот сектор уште повеќе ќе се раздвижи."

Јазиџи информира дека патниците уште од моментот кога ќе дојдат на аеродромот ја чувствуваат удобноста за поминување на еден безбеден одмор.

Привлекувајќи внимание дека Анталија според населението се наоѓа меѓу градовите со најмал регистриран број на случаи на зараза од Ковид-19, валијата на Анталија Ерсин Јазиџи рече: "Анталија е едниот од најбезбедните градови. Не станува збор за состојба со случаи на зараза на ниво на закана против градот. Ги повикуваме сите туристи, домашни и странски, да дојдат во престолнината на туризмот. 



Слични вести