Светската банка: Ковид-19 беше побрзо ставен под контрола во Турција во споредба со другите земји

Светската банка истакна дека во споредба со другите земји Турција го стави побрзо под контрола ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1471426
Светската банка: Ковид-19 беше побрзо ставен под контрола во Турција во споредба со другите земји

Светската банка (СБ) бројот за август 2020 на Извештајот за економско следење на Турција го објави под насловот „Регулирање на едрата“. 

Светската банка (СБ) во овој свој извештај истакна дека во споредба со другите земји Турција го стави побрзо под контрола ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во извештајот во кој се вреднуваат актуелните економски случувања и се презентираат анализи во врска со економските очекувања во Турција, воедно се изнесува следната констатација: „И покрај наглиот раст во бројот на случаите на Ковид-19 на почетокот, под светлината на направените споредби меѓу земјите се гледа дека Турција релативно ги стави побрзо под контрола ширењето на вирусот и неговите негативни здравствени влијанија.“

Воедно и директорот на Светската банка за Турција Аугусте Коуаме во дадената изјава по прашањето го рече следното: „Брзата и обемна политика на интервенција против пандемијата помогна во олеснувањето на најлошите влијанија на епидемијата и со претпоставките дека вирусот ќе се држи под контрола и дека мерките на политика ќе се применуваат според тоа како ќе се развива пандемијата и според случувањата коишто ќе се доживеат во глобалната економија, ја подготвија основата за порано опоравување.“



Слични вести