Мудис: „Ковид-19 ќе предизвика поцврсти, распарчени и регионално фокусирани синџири на снабдување“

Најголеми промени се очекуваат во сферите како што фармацевтскиот сектор, кои имаат големо стратешко значење

1471474
Мудис: „Ковид-19 ќе предизвика поцврсти, распарчени и регионално фокусирани синџири на снабдување“

 

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Мудис соопшти дека „новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ќе предизвика поцврсти, распарчени и регионално фокусирани синџири на снабдување “.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Мудис беше истакнато дека пеидемијата на Ковид-19 ќе ги интензивира основните глобални трговски односи, особено во Азија.

Најверојатно се очекуваат поцврсти, распарчени и регионално фокусирани синџири на снабдување. Во тие рамки компаниите ќе формираат силни синџири на снабдување, поради што ќе ја искористат стратегијата на збогатување на изборот и регионалната стратегија.

Обемот на промените во синџирите на снабдување ќе се разликува зависно од секторите. Најголеми промени се очекуваат во сферите како што фармацевтскиот сектор, кои имаат големо стратешко значење.



Слични вести