Раст на извозот на Турција во земјите на ЕУ во јули 2020 година

Извозот на Турција во земјите на Европската унија (ЕУ) во месец јули во споредба со јуни со раст од 11,6 отсто се зголеми на 5 милијарди 815 милиони 88 илјади долари

1468128
Раст на извозот на Турција во земјите на ЕУ во јули 2020 година

Во извозот на Турција во месец јули 2020 година, во споредба со претходниот месец јуни, е остварен раст во 20 земји членки на Европската унија (ЕУ).

Според сумираните податоци од страна на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот во земјите на Европската унија (ЕУ) кој во месец јуни изнесуваше 5 милијарди 208 милиони 745 илјади долари, во месец јули со раст од 11,6 отсто се зголеми на 5 милијарди 815 милиони 88 илјади долари.

Во наведениот месец (јули 2020 година) е постигнат најголем раст во извозот на Турција во Луксембург.

Имено, извозот на Турција за Луксембург којшто во јуни изнесуваше 2 милиони 626 илјади долари, во месец јули со раст од 151 отсто се зголеми на 6 милиони 593 илјади долари.

 



Слични вести