Турција за 11 месеци од извозот на лешници заработи приходи во износ од над 2,2 милијарди долари

Турција за 11 месеци оствари извоз на 331.659 тони лешници и од тоа заработи приходи во износ од 2 милијарди 226 милиони долари

1466958
Турција за 11 месеци од извозот на лешници заработи приходи во износ од над 2,2 милијарди долари

Турција за 11 месеци реализира извоз на 331.659 тони лешници и од тоа заработи приходи во износ од 2 милијарди 226 милиони долари. 

Според објавеното писмено соопштение од Унијата на извозниците на производи од лешници од Црноморскиот регион, во периодот од 2 септември 2019 до 31 јули 2020 година во извозната сезона 2019-2020 година еден квинтал (100 кг) стандардни природни лупени лешници се продадени за 695 долари.

Во наведениот период е реализиран извоз на на 331.659 тони лешници и од тоа се заработени приходи во износ од 2 милијарди 226 милиони 50 илјади 130 долари.

Турција, во истиот период минатата сезона од извозот на 261.820 тони лешници заработи приходи во износ од 1 милијарда 544 милиони 114 илјади 395 долари. 



Слични вести