Турција најголемиот извоз во месец јули 2020 година го оствари во автомобилската индустрија

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), во месец јули оваа (2020) година автомобилскиот сектор фрли потпис на извоз во висина од 2 милијарди 201 милион 411 илјади долари

1466909
Турција најголемиот извоз во месец јули 2020 година го оствари во автомобилската индустрија

Автомобилската индустрија на Турција минатиот месец (јули) со реализиран извоз од 2 милијарди 201 милион 411 илјади долари стана сектор со остварен најголем извоз.

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), во месец јули оваа (2020) година автомобилскиот сектор фрли потпис на извоз во висина од 2 милијарди 201 милион 411 илјади долари.

По автомобилската индустрија следува остварениот извоз од 1 милијарда 812 милиони 845 илјади долари во секторот на готова облека и конфекција, а потоа со 1 милијарда 582 милиони 528 долари секторот на хемиски материи и производи.

Три земји во кои е остварен најголем извоз од Турција се Германија со 1 милијарда 458 милиони долари, Англија со 963 милиони 400 илјади долари и САД со 941 милион 500 илјади долари.



Слични вести