Албајрак: Турција во месец јули достигна до извоз од 15 милијарди долари

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека тековната рамнотежа во втората половина на годината ќе се реализира подобро од очекувањата

1466806
Албајрак: Турција во месец јули достигна до извоз од 15 милијарди долари

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со бројките за остварениот извоз во месец јули.

Министерот Албајрак истакна дека тековната рамнотежа во втората половина на годината ќе се реализира подобро од очекувањата.

"Турција во месец јули достигна до извоз од 15 милијарди долари. Тоа претставува највисоко ниво на 2020 година. Исто така и процентот на сооднос со исклучок на златото, со 93,9 отсто достигна до највисока вредност. Им честитаме на сите наши извозници." - констатира министерот за трезор и финансии Берат Албајрак. 



Слични вести