Над 30 милиони лица во САД од 16 до 21 јули немаа пристап до храна

23 милиони 861 илјада лица повремено немаа никаков пристап до храна, 5 милиони 423 илјади лица не може да се хранат редовно

1465229
Над 30 милиони лица во САД од 16 до 21 јули немаа пристап до храна

Од 16 до 21 јули над 30 милиони лица во САД немаа пристап до храна.

Според резултатите од анкетата на Американската управа за популација, од мај наваму беше достигната највисока стапка на граѓани кои немаа пристап до храна.

Додека 23 милиони 861 илјада лица повремено немаа никаков пристап до храна, 5 милиони 423 илјади лица не може да се хранат редовно.

Според податоците кои беа објавени од страна на американското Министерство за труд, неделата која заврши на 25 јули, првпат бројот на невработените кои бараа надокнада за невработеност во споредба со претходната недела се зголеми за 12 илјади и достигна 434 илјади.

На тој начин, првпат во САД, бројот на лицата кои се обратија за надокнада за невработеност, од 14 март кога почна да се чувствува неповолното влијание на едпиемијата на вирусот Ковид-19 достигна 54 милиони.



Слични вести