Албајрак: „Турција ќе продолжи да важи за привлечен центар за странските инвеститори“

Турција денес се наоѓа на 33 место на списокот на земји на индексот за леснотија за водење бизнис

1463745
Албајрак: „Турција ќе продолжи да важи за привлечен центар за странските инвеститори“

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак рече дека Турција ќе продолжи да важи за привлечен центар за странските инвеститори.

Во објавата преку профилот на твитер министерот Албајрак истакна дека Турција постигна многу голем напредок на патот за започнување бизнис на претоприемачите во споредба со голем број земји во светот.

Гледано од аспект на индексот за леснотија за водење бизнис во 2017, Турција меѓу 190 земји во светот се наоѓаше на 60-то место, додека денес се наоѓаме на 33 место. Турција ќе продолжи да важи за привлечен центар за странските инвеститори, потенцираше Албајрак.



Слични вести