Нов рекорд во извозот на цреши од Турција во износ од 212 милиони долари

Турција во периодот од 1 јануари до 21 јули 2020 година од реализираниот извоз на цреши во 60 земји низ светот заработи девизни приходи во износ од над 212 милиони долари

1460385
Нов рекорд во извозот на цреши од Турција во износ од 212 милиони долари

Во извозот на цреши од Турција кој што минатата година изнесуваше 183 милиони долари, оваа година пред да заврши сезоната е остварен извоз од над 212 милиони долари со што е постигнат нов рекорд.

Турција во периодот од 1 јануари до 21 јули 2020 година од реализираниот извоз на цреши во 60 земји низ светот заработи девизни приходи во износ од над 212 милиони долари.

Во наведениот период најголем извоз од 88 милиони долари е остварен во Германија, а по оваа земја следуваат Русија до извоз од 49 милиони долари и Австрија со 13 милиони долари. 

Извозот на цреши од Турција на крајот на сезоната се очекува да достигне до 250 милиони долари.



Слични вести