Турција за 6 месеци во 2020 година од извозот на чај заработи приближно 7,6 милиони долари

Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (ДКИБ) соопшти дека во периодот јануари-јуни 2020 година од Турција е остварен извоз на 1.897 тони чај во 97 земји ширум светот и се заработени 7 милиони 587 илјади 963 долари

1457805
Турција за 6 месеци во 2020 година од извозот на чај заработи приближно 7,6 милиони долари

Извозот на чај на Турција во првата половина од годинава (јануари-јуни, 2020) во споредба со истиот период минатата (2019) со раст од 57,6 отсто достигна до 7 милиони 587 илјади 963 долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (ДКИБ), во периодот јануари-јуни 2020 година од Турција е остварен извоз на 1.897 тони чај во 97 земји ширум светот.

Од овој реализиран извоз се заработени приходи во износ од 7 милиони 587 илјади 963 долари.

Во истиот период од шест месеци минатата (2019) година од извоз на 1.504 тони чај беа заработени приходи од 4 милиони 815 илјади 385 долари.

Според тоа, во извозот на чај од Турција во првата половина на годината, во споредба со истиот период минатата година на количинска база е остварен раст  од 26 отсто, а во вредносна база раст од 57,6 отсто.

Земји во кои е остварен најголем извоз на чај од Турција редум се Белгија, Германија, Турската Република Северен Кипар (ТРСК).



Слични вести