Од денеска (15 јули, 2020 г.) повторно започнаа летовите со Русија

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу истакна дека е постигната согласност за повторно започнување на летовите со Русија почнувајќи од денеска (15 јули 2020 година)

1455481
Од денеска (15 јули, 2020 г.) повторно започнаа летовите со Русија

Турција и Русија постигнаа согласност по прашањето на повторно започнување на летовите помеѓу двете земји од денеска (15 јули, 2020 година).

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу потсети дека во рамките на чекорите коишто се фрлаат во периодот на нормализација во процесот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) заклучно со 11 јуни се започнати повторно летовите со 31 земја.

Министерот Караисмаилоглу рече: „Постигнавме согласност заклучно со денеска (15 јули 2020 година) повторно да бидат започнати летовите со Русија.“

Инаку, овен тоа што беа повторно започнати летовите со 31 земја, продолжуваа разговорите за започнување на летовите со уште 29 земји.

Со приклучување и на Русија бројот на земјите со кои Турција ги започна повторно летовите се зголеми на 32.



Слични вести