Раст на индустриското производство на Турција во мај 2020 од 17,4 отсто

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на индустриското производство на Турција во месец мај во 2020 година на месечна база забележа раст од 17,4 отсто

1454175
Раст на индустриското производство на Турција во мај 2020 од 17,4 отсто

Индексот на индустриското производство на Турција во месец мај во 2020 година на месечна база забележа раст од 17,4 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство за месец мај 2020 година.

Според тоа, календарски прилагоденото индустриско производство во мај 2020 година, во споредба со истиот месец 2019 година, се намали за 19,9 отсто, а во споредба со претходниот месец април забележа раст од 17,4 отсто.

Во наведениот месец мај, индексот на секторот на производствената индустрија забележа раст од 19,3 отсто, индексот на секторот на рударство и кеменоломство раст од 4,5 отсто, индексот на секторот на гас, пареа и производство и дистрибуција на климатизација раст од 4,9 отсто.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со податоците за индустриското производство го истакна следното: „Сите глобални пазари во април доживеаја остро стеснување. Станавме една од првите три земји кои се опоравија најбрзо во мај, сите долни под-ставки на индексот се реализираа позитивно.“

Министерот Варанк во споделената објава им оддели место и на графикони на кои се гледаат промените во врска со под-ставките на индексот.

Според тоа, Турција со својот перформанс на раст од 17,4 оттсо на месечна база во производствената индустрија за месец мај по Италија и Франција се наоѓа на трето место, а остави зад себе голем број земји меѓу кои се наоѓаат и Шпанија, Германија, Кина, САД, Јужна Кореја.

Во меѓувреме, и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во направената проценка во однос на податоците на индексот на индустриското производство за месец мај истакна дека почнаа повторно да се вртат забрзано трката во економијата.



Слични вести