Министерот Албајрак: Турција ќе излезе зајакнета од периодот на пандемијата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека ниската стапка на јавен долг којашто е едниот од силните столбови на економијата ја зајакна раката на Турција во периодот на пандемијата и дека Турција ќе излезе зајакнета од овој период

1452844
Министерот Албајрак: Турција ќе излезе зајакнета од периодот на пандемијата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) влијае негативно на економиите во целиот свет.

Албајрак во објавата напиша дека ниската стапка на јавен долг којашто е едниот од силните столбови на економијата ја зајакна раката на Турција во периодот на пандемијата.

Велејќи дека меѓународните институции прегнозираат дека со периодот на пандемијата јавниот долг на земјите споредено со стапките на националниот приход ќе се зголеми на највисоко ниво од Втората светска војна досега, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак го напиша следното: „Ниската стапка на јавен долг којашто е едниот од силните столбови на економијата ја зајакна нашата рака во периодот на пандемијата и се наоѓа на чело на нашите разлики коишто ни обезбедуваат простор на движење. Никој да нема сомневање во тоа дека зачувувајќи ги нашите придобивки ќе излеземе зајакнети од овој период.“

 



Слични вести